Изминатиот период Рафаел Надал имаше големи проблеми со повредите, поради кои мораше да откажува повеќе негови омилени турнири.
Тој треба да настапи на Олимписките игри во Париз, но се уште и тоа е под знак прашалник, бидејки последните информации зборуваат за тоа дека шпанскиот тенисер го откажал последниот тренинг.
Тренерот на Рафаел Надал, денеска откри дека таа информација е точна и практично ги загрижи навивачите на овој тенисер.
– Не би можел да ви гарантирам дека Надал ќе биде дел од игрите во Париз. Одлучивме заедно дека треба да одмори и да има повеќе време за рехабилитација за проблемот кој ни се појави вчера. Останува на времето да покаже како ќе биде понатаму. Ќе биде важно да не форсираме ништо предвреме, порача Карлос Моја.
Надал според жрепката, веќе во второто коло би можел да удри на Новак Ѓоковиќ и фановите да гледаат тениски спектакл.