Трапановски: Поквалитетни сме од Фарските Острови, одиме по трите бода!

Македонската фудбалска репрезентација, на 7. и на 10. септември ќе игра против Фарските Острови и против Ерменија, во новата сезона во Лигата на нации (ЛН).

Дебитантот во најдобрата македонска репрезентација, Кристијан Трапановски оптимистички е расположен во пресрет на првиот меч на гости со Фарските Острови.

– Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Пречекан сум одлично, супер се чувствувам, како долго време да сум тука, иако ми е првпат, рече Трапановски.

Тој вели дека целта е да се освојат што е можно повеќе бодови, евентуално да се победи на сите натпревари и да се обезбеди пласман во следната рунда.

– Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници. Сметам дека ние како тим сме многу поквалитетни од Фарските Острови. Теренот и времето нема да ни прават проблеми, и ако бидеме на вистинското ниво, ќе ги освоиме трите бода, истакна Трапановски.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО