„Трансфер бомба“: Мицевски се врати во Македонија – од Бундес лигата директно во Осогово

Вистинска трансфер бомба се случи во македонскиот футсла шампион, а во режија на Осогово од Крива Паланка.

Имено искусниот 32-годишен Адријан Мицевски кој важи за еден од најдобрите македонски играчи реши да се врати во Македонија.

Тој доаѓа директно од Бундес лигата од тимот на Штутгард во тимот на Осогово Крива Паланка со што амбициите на овој клуб дополнително растат.

Мицевски освен за германски Штутгард има играно и за хрватски Сквер, кипарска Омониа, додека во Македонија има настапувано за Железарец и родната САСА од Македонска Каменица.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО