Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, не успеа да влезе во финалната серија во скок во далечина на Европското првенство што се реализира на стадионот – „Олимпико“ во Рим.
Тој во квалификациите го освои 22-то место со прескокнати 7,73 метри што е послаб резултат во однос на неговиот личен рекорд. Македонија на ЕП во атлетика ќе ја претставува и Дарио Ивановски кој ќе настапи во полумаратонот .