Трагедија на Дакар: Почина 45-годишен возач од Шпанија

Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон (45) почина од повредите една недела по падот на релито Дакар, објави неговиот тим ТвинТрејл Рејсинг.

Фалкон настада на 8 јануари на крајот од втората етапа, кога ја повреди главата при падот. Го изгубил пулсот и морал да биде реанимиран.

Откако беше стабилизиран, со хеликоптер беше префрлен во болница во Ријад, каде што остана на интензивна нега во индуцирана кома додека пред три дена не беше вратен назад во Шпанија, сè уште во критична состојба. За жал, тој во понеделникот им подлегна на повредите.

„Карлес нè напушти. Медицинскиот тим потврди дека невролошката штета предизвикана од кардиореспираторниот застој во моментот на несреќата е неповратна“, објавија на Инстаграм тимот на ТвинТрејл Рејсинг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО