Тото Волф потпиша нов, тригодишен договор со Мерцедес Ф1

Тото Волф, кој поседува третина од Мерцедес Формула 1 (Ф1) потпиша нов тригодишен договор и ќе остане шеф и извршен директор на Мерцеде Ф1 тимот до 2026-та.

Мерцедес освои осум титули меѓу конструкторите во осум сезони, помеѓу 2014 и 2021 година, и заврши на второто место зад Ред Бул лани.

– Не би се обидувал да останам на оваа позиција доколку сметам дека има некој подобар од мене. Се осигурувам да имам луѓе околу себе кои можат да ми кажат што навистина мислат. На крајот ние тројца решивме: „Ајде да го направиме тоа повторно“, изјави Волф.

Волф (52) е во Мерцедес од јануари 2013 година.

Тимот е подеднакво во сопственост на Мерцедес-Бенц, на австриски Волф и подружница на Инеос, која е под контрола на инвеститорот во Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф.

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, го освои третото место минатата сезона. Од 2021 година па наваму тимот победи на само една трка.

Сезоната во Ф1 2024 започнува со Големата награда на Бахреин на 2 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО