Tотенхем очигледно не може без Кејн: Англичанецот се враќа во Лондон во август

Фудбалерите на Тотенхем и Баерн Минхен ќе одиграат ова лето пријателска средба, која е закажана за 10. август.

Мечот ќе се игра во Лондон, а тоа денеска го потврди клубот од Минхен. Во соопштението се наведува дека фудбалерите на Баерн, Хари Кејн и Ерик Даер повторно ќе имаат можност да заиграат на стадионот на нивниот поранешен клуб.

Кејн го засили Баерн Минхен оваа сезона, а член на Тотенхем беше од 2004 година. Дајер стигна на почетокот од годината во клубот од Минхен, на позајмица до крајот на сезоната.

Фудбалерите на Баерн и Тотенхем последен пат меѓусебно играат во групната фаза од ЛШ сезоната 2019/20, а таму како победник излезе Баерн Минхен, кој во Лондон славеше со 7:2, додека во Германија беше 3:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО