Торес нема да го напушти „Камп Ноу“

Раководството на Барселона одлучи дека крилниот напаѓач, Феран Торес, нема да биде ставен на трансфер листата во текот на летото без разлика дали ќе стигне понуда од друга екипа, открива денеска – „Мундо Депортиво“.

Бидејќи 23-годишниот напаѓач може да игра на повеќе позиции, челниците се определиле да го задржат во клубот. Тој досега има 11 голови и четири асистенции на 32 средби во сите натпреварувања.

Неговата пазарна вредност е околу 35 милиониевра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО