Реал Мадрид работи на враќање на поранешниот играч од средниот ред Тони Крос во клупската структура уште од следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Во раководството на мадридскиот тим постои единствен став дека неговото искуство и секојдневното влијание би можеле да имаат значајна улога во понатамошниот развој на екипата.
Тони Крос за време на престојот во Мадрид имал одличен однос со клупското раководство, вклучувајќи го и претседателот Флорентино Перез, кој, според наводите, силно ја поддржува идејата за негово враќање.
Германскиот фудбалер моментално живее во Мадрид, каде што формираше сопствена фудбалска академија.
Во последно време неколку пати беше во тренинг-центарот Валдебебас, каде со млади играчи учествуваше во натпревари против младинските селекции на Реал, а повремено се вклучува и во тренерска работа.
Во клубот веруваат дека неговото искуство и авторитет би можеле да донесат дополнителна вредност во спортскиот сектор веќе од следната сезона.