Тони Крос по 10 години откри зошто „морал“„ да го одбие Манчестер Јунајтед

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос, признава дека во 2014 година бил блиску до одлуката да стане играч на Манчестер Јунајтед.

Тој играчката кариера ја започна во Баерн, а од 2014 година играше и за Реал Мадрид, каде ги освои сите трофеи што може еден играч да ги освои.

Веднаш по доаѓањето на Дејвид Мојс во Јунајтед, неговите први желби во клубот беа Цеск Фабрегас и Тони Крос, но не успеа да ги реализира, а сега Крос објаснува зошто.

– Пред да потпишам со Реал Мадрид, имав договор со Манчестер Јунајтед, кој тогаш беше предводен од Дејвид Мојс. Управата на Јунајтед потоа во април реши да го смени Мојс, па го ангажираа Луи Ван Гал, тогаш одлучив, заедно со Ван Гал дека треба да ја одбијам нивната понуда, порача Тони Крос.

Тој појасни дека не е во најдобри односи со Ван Гал, со кој соработуваше во Баерн сезоната 2010/11.

Крос потоа премина во Реал Мадрид и направи големи успеси со кралскиот клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО