Тони Крос останува во Шпанија, сака безбеден живот за своето семејство

Германскиот фудбалер Тони Крос ја заврши кариерата на 35 години.

Крос, како што најави нема да се занимава професионално со фудбал откако репрезентацијата на Германија загуби од Шпанија во четврт-финалето на Европското првенство.

Тој објави само неколку зборови на социјалните мрежи ден по натпреварот: „Ти благодарам Германија“.

Покрај репрезентацијата, тој се прости и од Реал Мадрид со победата во финалето на Лигата на шампионите.

За Реал одигра 464 натпревари, постигна 28 гола и асистираше 98 пати. За германската репрезентација има 113 настапи и 17 голови, а во 2014 година го освои Светското првенство во Бразил како еден од клучните играчи во репрезентацијата на Јоаким Лоу.

Со Реал четири пати ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. Со Баерн трипати беше германски првак и еднаш европски првак.

Кариерата ја започна во Ханза Росток, а потоа замина во младинската академија на Баерн во 2006 година.

Во сезоната 2009/2010. играше како позајмен играч во Баер Леверкузен.

Потоа одигра неколку одлични сезони за Баерн, а пред десет години се пресели во Реал Мадрид.

Тони Крос истакна дека е загрижен за состојбата во неговата татковина.

Ќе остане во Шпанија каде и завршува неговата фудбалска кариера, бидејќи Германија повеќе не е истата земја како пред десет години кога заминал заедно со своето семејство. Главната причина поради која сака да остане во Шпанија е тоа што се плаши да ја пушти ќерка си да излезе сама навечер во некој голем германски град.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО