Томовски собра дваесет одбрани за Битигхајм

Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски имаше уште едно „ѕверско“ издание во дресот на новиот клуб – Битигхајм-Метерцимерн. 28-годишниот чувар на мрежата имаше незаборавно деби во втората Бундеслига, откако беше најзаслужен во својот тим во победата на гости кај Елбфлоренц.

Томовски натпреварот го заврши со неверојатни дваесет интервенции и дури 47% на успешни одбрани.

Поранешниот голман на Вардар 1961 и Металург имаше забележителен настап и на отворањето на Купот на Германија, откако со шеснаесет одбрани беше најдобар поединец за Битигхајм во победата над неговиот поранешен клуб Потсдам .

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО