Тинејџерката Мекинтош: Многу сум горда на себе!

Младата, 17-годишна „пливачка сензација“, Канаѓанка, Самер Мекинтош е една од најпријатните изненадувања на Игрите во Париз.

Таа победи во трката на 200 метри мешано, со нов олимписки рекорд, 2:05,56 минути и со тоа си го обезбеди четвртиот медал на ОИ. Претходно таа освои злато на 200 метри пеперутка и на 400 метри мешано, како и сребро на 400 метри слободно.

– Ова речиси е надреално. Многу сум горда на себе и на тоа како успеав да се справам со настаните на Игрите во Париз, рече Мекинтош, кој е првиот канадски спортист кој освоил три злата на едни Олимписки игри (ОИ).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО