Тинејџерка почина додека ја славеше победата на Франција

Седумнаесетгодишно девојче го загуби животот во Оноа-Емери на северот од Франција, откако падна од камион за време на церемонијата по повод победата на француската фудбалска репрезентација.

Според извор близок до случајот, девојчето се качило на задниот дел од камионот за да ја прослави победата на француската фудбалска репрезентација, но паднало и било прегазено, што, според пожарникарите, укажува дека починала на самото место, пренесува „Фигаро“.

Франција го победи Мароко со 2:0 на Светското првенство синоќа и се квалификуваше за полуфиналето на тоа натпреварување.

На трагичниот настан присуствувале уште шест малолетници.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО