Во првиот натпревар од новото издание на Лигата на нации во женска конкуренција, фудбалската репрезентација на Македонија е совладана од Косово со 4:0.
Серијата голови ја отвори Катарина Бичкај во шестата минута, а потоа по три минути игра во вториот дел зголеми и на 2:0.
Во 65. Гентјана Фетај го постигна третиот погодок за гостинките, а конечните 4:0 беа дело на Валентина Метај во 67. минута.
Во следното коло Македонија на домашен терен на четврти април ја пречекува Летонија.