Тешка жрепка за Новак Ѓоковиќ на Мастерс турнирот во Мајами

Новак Ѓоковиќ го дозна својот пат на Мастерсот во Мајами, САД, каде ќе стартува во второто коло, со оглед на тоа дека во првото е слободе. Српскиот тенисер на стартот ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Хамад Меѓедовиќ и Ринки Хиџиката.

Во случај на триумф, проектиран ривал на Ѓоковиќ во третото коло е талентираниот Американец Алекс Микелсен, додека во осминафиналето му претстои потенцијален дуел со Лоренцо Музети или Феликс Оже-Алијасим.

Во четвртфиналето Србинот би можел да игра против Данил Медведев, во полуфиналето со Карлос Алкараз, а во финалето со Александар Зверев.

Во ждрепката на Ѓоковиќ се и Стефанос Циципас, Григор Димитров, Ник Кирјос, Карен Хачанов, Јиржи Лехечка и Франциско Серундоло, што дополнително ја засилува конкуренцијата.

Алкараз ќе го започне турнирот против победникот од мечот Александар Вукиќ – Давид Гофан. Зверев ќе игра против подобриот од Бензаман Бонзи и еден од квалификантите, додека Медведев стартува во второто коло против Артур Риндернек или Жауме Мунар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО