Фудбалерот на Баерн Минхен Серж Гнабри, заработил повреда која практично ја завршува неговата сезона и сериозно ги доведува во прашање шансите да настапи на Светско првенство 2026.
„Баерн Минхен ќе мора да се справува без Серж Гнабри подолг временски период. Офанзивниот играч за врска има лезија на адукторниот мускул на десната нога, што го покажаа прегледите извршени од медицинскиот тим“, објавија од клубот.
Гнабри се повредил на последниот тренинг пред денешниот натпревар со Штутгарт. Според „Билд“, тој ќе биде надвор од терените околу 2-3 месеци, додека „Скај Германија“ оди чекор понатаму и наведува дека паузата би можела да трае и до четири месеци, што би значело пропуштање на Мундијалот.
Повредата на германскиот репрезентативец доаѓа во пресрет на полуфиналните дуели во Лигата на шампионите против ПСЖ, како и на претстојниот судир со Баер Леверкузен во Купот на Германија.
Во текот на оваа сезона, Гнабри има ефект од 10 голови и 11 асистенции на 37 натпревари во сите конкуренции.