Тешка ноќ за Дончиќ и за Словенија: „Заслужен пораз, не се чувствував добро“

Хрватска не’ надигра во секој поглед и заслужено победи, изјави најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ по мечот на олимпискиот квалификациски турнир во Пиреја, Грција, на кој хрватската кошаркарска репрезентација триумфира со 108:92.

– Од првата минута не бевме на вистинското ниво. Јас лично на почетокот не се чувствував добро, ја немав вистинската енергија. Сега кога ќе погледнам внимателно во статистиката, гледам дека имав навистина лош шут.

Ние мора да работиме на одбраната, на чело со мене, знаеме дека тоа не беше нашето вистинско лице, тоа треба да го покажеме во четврток, против Нов Зеланд.

Словенечкиот селектор Александар Секулиќ рече дека не е крај на светот затоа што загубиле, но потенцира дека не му се допаѓа како биле поразени.

– Немавме одговор за играта на Хрватска, првенствено ни недостигаше вистинска енергија во одбраната. Секој од нас мора да се погледне во огледалото и да се праша што можеме подобро.

Во четврток имаме нов натпревар, во кој едноставно мораме да победиме, бидејќи во спротивно можеме да се збогуваме со Париз, изјави тој

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО