Тепачка во Лајпциг, хрватски навивачи нападнале Италијанци, има и повредени!

Еден ден откако хрватската репрезентација ремизираше со Италија (1:1) и веројатно се збогуваше од Европското првенство (ЕП), се надоврза  полицискиот извештај од Лајпциг.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, неколку хрватски ултраси предизвикале инцидент во центарот на градот, каде што физички нападнале италијански навивачи. Според првите извештаи, во жестоката тепачка повредени се четири лица, од кои две завршиле во болница.

До инцидентот дошло, како што пишува миланскиот весник, по конфликтот околу едно навивачко знаме кое прво било украдено, а потоа вратено, што е гест околу кој редовно се караат навивачките фракции.

Повредените навивачи на „азурите“ ѝ кажале на полицијата дека навивачите на „коцкестите“ ги „тепале со нозе и со раце“.

Газета пренесува соопштение за печатот од полицијата во Лајпциг, која наведува дека идентификувала 11 осомничени, меѓу кои има Хрвати и Бошњаци, на возраст меѓу 21 и 44 години.

Откако биле приведени и сослушани, тие се пуштени на слобода. Против нив е поведена постапка за нанесување тешки телесни повреди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО