Тен Хаг може да замине сезонава – Јунајтед има само една опција и тоа од Италија!

Позицијата на Ерик Тен Хаг се уште не е сигурна во Манчестер Јунајтед, напротив, тоа зависи од многу нешто, посебно од успесите во новата сезона.

Од Тен Хаг сигурно сезонава ќе се бара пласман во Лигата на шампионите и евентуален трофеј, веројатно во ФА Купот, како евентуален прогрес и негово останување.

Но што по Тен Хаг? Дали Јунајтед има концизен план доколку го избрка холандскиот стратег? Првичните информации зборуваат за тоа дека управата на Јунајтед има план Б и дека тоа може да се случи веќе оваа сезона.

Се повеќе медиуми пишуваат за можноста Макс Алегри да го наследи Ерик Тен Хаг, доколку сезоната замине во непосакуван правец. Во прилог на тоа оди и тоа што Алегри е без ангажман во моментот и слободен.

– Макс Алегри е подготвен, сака вистинска работа, на ниво на неговата репутација, Јунајтед за него би била совршена опција во моментот, пишуваат медиумите во Италија.

Многумина сметаат дека Алегри и не е баш одговор на Сити со Пеп или Арсенал со Микел Артета.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО