Лециле Тебого (21) е новиот олимписки шампион на 200 метри. Боцванецот ја истрча делницата за неверојатни 19,46 секунди во финалето, што е петти најдобар резултат на сите времиња во оваа дисциплина.
Тебого зад себе остави тројца Американци, Кенет Беднарек освои сребро(19,62), Ноа Лајлс (19,70) бронза, а Еријон Најтон заврши со „дрвен медал“.
Лајлс, „новиот најбрз човек на светот“, кој победи во историското финале на 100 метри четири дена претходно, со предост од пет илјадити делови од секундата, освои бронза како и во Токио.
Тој не успеа да стане првиот човек по Усеин Болт кој освои златни медали на 100 и ма 200 метри исти Олимписки игри (ОИ). На Болт тоа му успеа на три ОИ, во 2008, 2012 и 2016!