Светската атлетика (СА) размислува да воведе нов формат за мерење во дисциплината скок во далечина.
Во иднина скокот би се мерел од т.н.„зона за полетување“, односно од местото каде што е предното стапало на спортистот при отскокот, па до местото каде што ќе слета во песочната јама. Традиционалната дрвена табла би заминала во историјата.
– Тоа значи дека секој скок ќе биде важечки со што ќе се зголемат возбудувањата и драматичноста на натпреварите, изјави извршниот директор на СА, Џон Риџон.
Целта на промените на скокот во далечина е да се намали и бројката на неважечки скокови. Риџон рече дека една третина од сите скокови на Светското првенство (СП) 2023 година во Будимпешта не се мереле бидејќи спортистите направиле престап.
– Не е лесно да направите промени во спортот кој во основа бил измислен пред 150 години. Годинава ќе направиме тестови во реални околности со многу добри спортисти и доколку не мине добро тестирањето, нема да ги воведеме промените.
Во истовреме се обидуваме да најдеме и начини побрзо да ги добиваме резултатите и да не мора да чекаме 20 или 30 секунди пред да се појават, додава Риџон.