Суперкомпјутерот на статистичката платформа „Опта“ (Opta) ги пресмета фаворитите за осминафиналето, како и победникот на Европското првенство (ЕП) во Германија, иако до крајот треба да се играат уште 14 натпревари. Првите осминафиналните мечеви се играат утре, Швајцарија – Италија и Германија – Данска.
Суперкомпјутерот е статистички модел кој процентите на победа на тимот го пресметува врз основа на коефициентите во обложувачниците и на „Опта ранкингот“ (Opta Power Rankings), што се базираат на историските критериуми и на неодамнешнире резултати.
Суперкомпјутерот симулира натпревари по илјада пати и по анализата на тие податоци се доаѓа до конечната прогноза.
Прогноза на Суперкомпјутерот за осминафиналето:
Шпанија – Грузија 82,12 отсто – 17,8 отсто
Англија – Словачка 81,6 – 18,37
Португалија – Словенија 74,51 – 25,49
Германија – Данска 69,48 – 30,52
Франција – Белгија 67,91 – 32,09
Холандија – Романија 67,79 – 32,21
Австрија – Турција 57,65 – 42,35
Италија – Швајцарија 56,96 – 43,04
Интересно е, па дури и сензационално, што Суперкомпјутерот најголеми шанси (38,1 отсто) за пласман во финалето и дава на Англија, која е едно од најголемите разочарување меѓу сите што се пласираа во нокаут рундата.
Во финалето, според прогнозата на „Опта“, противник ќе и биде Шпанија, репрезентацијата која доби најмногу комплименти на ЕП. На „фуријата“ и се даваат 27,14 отсто шанси да стигне до мечот за титулата.
На крајот, Суперкомпјутерот предвидува дека Англија ќе слави и ќе ја освои првата европска титула, со 19,98 отсто, пред Шпанија со 17,17 отсто шанси.