Суперкомпјутерот на „Опта“ го одреди главниот фаворит за триумф на ЕП по комплетирањето на осминафиналната рунда. Суперкомпјутерот смета дека главен кандидат за конечна победа на ЕП 2024-та е репрезентацијата на домаќинот, Германија (20 отсто).
Меѓу првите три фаворити се најдоа Шпанија (19,2) и Англија (17,5 отсто). Репрезентацијата на Франција е на четвртото место со показател од 15,2 отсто.
Најмалку шанси меѓу осумте селекции за освојување на титулата и се даваат на Турција, која според Суперкомпјутерот има 3,1 отсто шанси за да го освои трофејот.