Победата на Канзас Сити Чифс над Сан Франциско 49 во неделата во Супербоул мечот во Лас Вегас беше најгледаната телевизиска програма во историјата на САД, според прелиминарните податоци објавени денеска.
Според Си-би-ес (CBS), кој ја пренесуваше средбата, Супербоулот имаше просечно 123,4 милиони гледачи на сите платформи, надминувајќи ја границата од 115,1 милиони за време на минатогодишниот Супербоул.
Си-би-ес додава дека 202,4 милиони луѓе гледале барем дел од натпреварот, соборувајќи го рекордот од 184 милиони, поставен исто така на последниот Супербоул.
Вкупно 120 милиони гледачи ја гледале средбата на Си-би-ес што е рекорд за една телевизиска станица во САД.