Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Грен Сунес, направи споредба меѓу напаѓачите на Англија, Хари Кејн и Оли Воткинс.
– Воткинс донесе многу повеќе енергија во Англија на мечот со Франција. Воткинс трчаше по топката и правеше притисок“ – вели некогашната ѕвезда на островскиот фудбал. „Хари е мајстор за постигнување голови но, против Шпанија треба многу повеќе од тоа што го покажа. Многу лесно играат дефанзивците против него. Тој во одредени делови на мечевите беше само маскота на терено“ – рече поранешниот играч од средниот ред на Шкотска.