Струга ТЛ загуби од Слован поради падот на концентрација!

Струга ТЛ загуби на гости од Слован Братислава, 2:4 во првиот меч од првата рунда во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Првакот на Македонија одигра одлично во второто полувреме, се врати од негативата од 0:2, со головите на Бесарт Ибраими израмни на 2:2, дури и имаше неколку шанси за целосен пресврт. Но во завршницата падна концентрацијата на играчите на Струга и за тоа беа казнети со нови два гола.

– Можеме да жалиме за поразот, бидејќи прикажавме добра игра, особено во вториот дел. Но, кога помислевме дека ќе стигнеме до реми, моментите на невнимание ни донесоа уште два гола во нашата мрежа.

Но, мислам дека ќе извлечеме поуки од ова и во реваншот ќе се снајдеме многу подобро, изјави искусниот, Буњамин Шабани.

Попладнево (од 18 часот) во Абовјан, Ерменија, против Ноа, новата европска авантура ја почнува Шкендија, во  1.квалификациско коло во Лигата на конференции (ЛК). Победникот од овој двомеч во следната квалификациска рунда ќе игра против Слиема од Малта.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО