Струга ТЉ се засили со екс-репрезентативецот Спировски

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Спировски (33) денеска потпиша договор со првакот на Македонија, Струга Трим Љум.

Во пресрет на новата сезона, особено во врска со настапите на стружани во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), Спировски доаѓа како одлично засилување. Спировски има 55 настапи за најдобрата селекција на Македонија, а долго време настапуваше за тимови во Србија, Бугарија, Унгарија, Израел, Кипар и Ерменија.

Струга ТЉ во квалификациите за ЛШ стартува на 10 јули на гости против Слован Братислава, Словачка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО