Фудбалерите на Струга ТЛ, доколку го минат тимот на Пјуник, во наредното трето квалификациско коло во Лигата на конференции (ЛК), ќе играат со подобриот од двомечот Диферданж (Луксембург) – Ордабаси (Казахстан).
Стружани в среда ќе му бидат домаќини на ерменскиот состав, а на 30-ти ќе му гостуваат во реваншот. Диферданж и Ордабаси утре ќе ја имаат првата пресметка и тоа во Луксембург. Средбите од третата рунда се закажани за осми и за 15 август.