Струга не ја помина првата пречка во Европа

Фудбалерите на Струга ТЛ се елиминирани во првото квалификациско коло за место во Лигата на шампионите. Тие денеска во реваншот одигран на стадионот во Охрид, загубија од Слован Братислава со 2 спрема 1 и со вкупен резултат 6-3 го завршија патувањето во Европа.

Словачкиот тим поведе со голот на Вајс во 9 минута додека во 34-та Ристевски си постигна автогол. Единствениот погодок за стружани беше дело на Компаоре во самиот финиш. Струга ТЛ сега ќе се спушти во во Лигата на Конференции.

Таму во 2.квалификациско коло ги чека двомеч со ерменскиот Пјуник.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО