Страшен нокаут на српскиот ММА борец

Српскиот ММА борец Миљан Здравковиќ блесна претходната вечер на настанот „KSW 92“ и остана непоразен во кариерата.

Го нокаутираше Камил Шкарадик, со што му го нанесе првиот пораз во кариерата. И тоа на брутален начин.

По неколку обиди за симнување, Здравковиќ се одбрани, а потоа ја презеде иницијативата во вториот круг.

Нападнал со разорни удари, а еден од нив го погодил полјакот така што во истиот момент завршил во патос.

Србинот го заврши со уште два „чекани“ и ја забележа втората победа со нокаут во организацијата „КСВ“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО