Столе повторно на клупа: Валенсија одигра 1:1 со Еспањол

Во меч од 33.коло во Ла Лига, вечерва на “Местаља“, домашната Валенсија одигра без победник, 1:1 против составот на Еспањол.

Ништо ново кога станува збор за македонскиот голман Столе Димитриевски, кој и натаму е во сенка на Грузиециот Гиорги Мамардашвили, па така и на овој меч нашиот Столе преседе на клупата.

Интересно, гостите од Барселона први дојдоа во водство со голот на Пуадо во 40.минута. Во продолжение од средбата домашните беа подобри, создаваа шанси, а израмнувачкиот погодок беше дело на Гуера во 57.минута.

Валенсија до крајот на средбата посакуваше победа, тргна во офанзива, но сепак на крајот мораше да се задоволи само со бод.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО