(ВИДЕО) Стив Кер во солзи: „Тоа во Белград беше многу болно, поразително“

Србинот Дејан Милојевиќ (46) почина пред неколку дена од срцев удар. Последната работа му беше во НБА лигата, во Голден Стејт вориорс како помошник тренер.

Талентираниот стручњак го оплакуваа во Белград и во Сан Франциско. На натпреварот помеѓу Партизан и Мега во белградската арена се собраа 23.000 луѓе, од кои огромното мнозинство неутешно плачеше. Тоа се клубовите во кои Милојевиќ созреа како играч и како тренер.

Во Сан Франциско, Вориорс ги следеше тажните сцени од Белград.

– Целиот тим го гледаше белградското збогување со Деки. На сите нас ни остави таков впечаток што моравме да го откажеме тренингот, изјави Стив Кер со солзи во очите.

Кер носеше маица на која покрај иницијалите на починатиот Милојевиќ, кој му беше прв помошник, пишуваше „Брате“.

– Срцепарателно. Поразително. Така се чувствувам откако умре. Ова ми се најтешки моменти откако сум во НБА. Тешко е да се опише како се чувстуваме деновиве. Изгубивме многу близок човек. И уште поважно, најтешкиот дел е да се гледа како страда неговото семејство, изјави Кер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО