Напаѓачот на Челси, Рахим Стерлинг, преку социјалните мрежи им се извини на навивачите на Челси за промашениот пенал на вчерашната четвртфинална средба во ФА купот против Лестер.
Тој имаше и две големи промашувања и беше исвиркан од навивачите на „Стамфорд бриџ“ во моментите кога крајно лошо изведе слободен удар.
– На пат кон Вембли. До сите навивачи Челси, се извинувам за промашениот пенал. Ќе се вратам десет пати посилен за да му помогнам на тимот да победува. Ќе продолжам секојдневно да се борам за клубот, напиша Стерлинг.