Стеф Кари до крајот на својата кариера во Голден Стејт Вориорс

Спортскиот директор на тимот Голден Стејт Вориорс се надева дека од тимот никогаш нема да замине Стеф Кари кој на 36-годишна возраст има уште две активни години од договорот.

-Прилично самоуверено можам да кажам дека Стеф ќе биде „воин“ до крајот на кариерата. Ќе биде тешко да составиме пак еден таков тим, но не е нешто што е невозможно. Само треба добро да ги усогласиме работите. Со Стеф и Дрејмонд кои се сеуште на високо ниво мораме да бидеме претпазливи за да останеме конкуренти за титула. Сакаме да победуваме. изјави Мајк Данливи кој се осврна и кон иднината на франшизата која изминатата сезона не се пласираше ниту во плеј-офот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО