„Старата дама“ ја испрати првата понуда за купување на Холанѓанецот

Јувентус испрати понуда за фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Тун Копмајнерс, велат денешните информации од Италија.

Холанѓанецот е прва трансферна цел на „бјанконерите“ откако во мај беа договорени личните услови.

Првата официјална понуда е во износ од 45 милиони евра, но екипата од Бергамо бара 60 милиони. Копмајнерс минатата сезона играше одлично во Лига Европа (ЛЕ) и беше еден од најзаслужните за триумфот на Аталанта која во финалето го совлада Баер Леверкузен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО