Станишиќ скинал лигамент, итно бил опериран

Фудбалерот на Баерн и хрватската репрезентација Јосип Станишиќ итно е опериран поради повреда што ја заработи во понеделникот на тренинг

Станишиќ ги скинал страничните лигаменти на десното колено и веднаш бил опериран, потврди спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Повредата на Станишиќ е голем удар за Баерн, но и за хрватската репрезентација, чии први натпревари во Лигата на нации се во септември.

„Станишиќ е опериран утрово. Ова е лошата вест со која треба да се справиме оваа недела. За жал, ќе мора да отсуствува неколку недели“, потврди Еберл.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО