Српската ватерполо легенда: Ова злато е голема работа за нас, Хрватска не треба да жали

Ватерлистите на Србија ја совладаа Хрватска во финалето на Олимписките игри (ОИ) во Париз со 13:11 и го освоија третиот златен медал по ред, по Рио 2016 и Токио 2021-та.

Хрватска пак го освои четвртиот олимписки медал во постјугословенскиот период. За Хрватите тоа беше трето сребро од ОИ, а единствено злато го освоија во Лондон 2012.

И по смената генерацијата по Токио, Србија стигна до самиот крај. Во историјата на овој спорт само Унгарците, од 2000 до 2008 година и Британците на почетокот од 20 век, освоија по три последователни олимписки златни медали. Србија има исто толку злата како и СФРЈ, која на олимпискиот трон се искачи во 1968, 1984 и 1988 година.

Легендарниот Игор Милановиќ, поред многумина најдобар играч во историјата на ватерполото, беше клучен играч во освојувањето на последните две југословенски златни медали под водство на Ратко Рудиќ.

Тој е запаметен како протагонист на најтензичниот ватерполо натпревар досега. Тоа беше во 1986 година во финалето на Светското првенство (СП) меѓу Југославија и Италија во кое беа одиграни дури осум продолженија, најмногу на финалните натпревари.

Во последните секунди Дубравко Шименц му ја додава топката на Милановиќ, времето тече, а тој замавнува со топката.

Легендарниот коментатор Милорад Ѓурковиќ во транс повторуваше „Милановиќ, Милановиќ, Милановиќ“ при секое замавнување на сидрашот на Југославија. Потоа, пред истекот на времето, на три секунди до крајот, Милановиќ шутира и ја испраќа топката во спротивниот агол на италијанскиот голман, за злато на Југославија.

Игор Милановиќ во интервјуто за хрватскиот „Индекс“ го прокоментира олимпиското финале и триумфот на Србија.

– Бевме подобри во сите делови од играта, особено во одбраната со играч помалку. Центрите беа одлични, стрелците расположени, секако најдоброто издание на нашите ватерполисти на турнирот.

Морам да признам дека по Токио беше тешко да се замисли уште еден златен медал, но момците и Стручниот штаб успеаја да постигнат огромен успех.

Третото злато по ред е фантастично, а доаѓа во многу важен момент за ватерполото во Србија. Овој медал треба да ни даде поттик и крилја да работиме уште посериозно и подобро за успесите да продолжат. Ова е прв медал по три години, голема работа е да се прекине таков пост.

Од 2012 година па досега, Србија одигра 17 финалиња на големите натпреварувања и освои злато на секое!

– Не обрнувам премногу внимание на статистиката, но генерацијата што имавме можност да ја гледаме последниве години се прогласува за најуспешна досега. Не сум добар со бројки, па не знам на памет колку светски и европски титули имаат освоено, но ова е неверојатен успех.

Хрватскиот тим годината ќе ја заврши како светски првак и европски и олимписки вицешампион.

– Мислам дека Хрватска нема за што да жали, можеби ќе боли поразот, но ова е голем успех за хрватското ватерполо, медали има од Загреб, од Доха и сега од Париз. Мислам дека ова е максимумот од овој тим, истакна Милановиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО