САД убедливо ја поразија Србија со 110:84 во првото коло на олимпискиот турнир во Париз.
Одличен натпревар на премиерата одигра „Дрим-тимот“, постигнувајќи 17/ 29 тројки (59 отсто). Тие во своите редови го имаа Кевин Дурант, кој мечот го заврши само со еден промашен удар од поле. Тој постигна 23 поени (19 во првиот дел), двоцифрен број поени даде Леброн Џејмс со 21 поен, седум скока и девет асистенции.
Ги следеа Џру Холидеј со 15 и Девин Букер со 12 поени, како и Стеф Кари и Ентони Едвардс со по 11.
Кај Србија се истакнаа Никола Јокиќ со 20 поени, пет скока и осум асистенции, двоцифрени беа и Богдан Богдановиќ со 14 поени и шест скока, Огњен Добриќ со 13, Василије Мициќ со 11 и Алекса Аврамовиќ со 10 поени.