Србија и Литванија први се пласираа во завршницата на ЕП 2025

Кошаркарските репрезентации на Србија и на Литванија се првите кои со своите резултати во квалификациите обезбедија пласман на завршниот турнир на Европското првенство (ЕП), придружувајќи им се на Финска, Летонија, Полска и Кипар, кои заеднички ќе го организираат шампионатот, од 27 август до 14 септември 2025 година

Србија вчера во Белград ја совлада Данска со 98:51 и со максимални 4:0 го обезбеди првото место во групата Г, во која Грузија ја совлада Финска со 81:64 и го држи второто место (2:2.) Грузијците во февруари ќе и гостуваат на Данска и со победа можат да обезбедат пласман на Евробаскетот.

Во Клаипеда, Литванија беше подобра од Македонија, 94:72. На Литванците во неделата требаше да им се придружи Естонија, но Полска славеше во Талин со 88:86 и ја оствари првата победа во групата Х. За Полјаците тоа е неважно, бидејќи имаат место на завршниот турнир.

Втората шанса за пласман на ЕП, Естонците ќе ја имаат во февруари кога ја пречекуваат Македонија во Талин.

Пласманот на Евробаскетот вечерва можат да го потврдат Израел и Португалија или Словенија од групата А, Италија и Турција од групата Б, Белгија и Шпанија од групата Ц и Црна Гора и Шведска од групата Д.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО