Србија и Хрватска разочараа на ЕП, ќе се тешат со милионите евра

Репрезентациите на Србија и на Хрватска доживеја неуспех на 17. ЕП, бидејќи (не)очекувано, прерано, уште во групната фаза, беа елиимирани.

Србија освои само два бода и го зазеде последното место во групата, но дома се враќа со солидна заработка, со вкупно 10,25 милиони евра. Идентична сума ќе добијат и Хрватите, кои како и Србите освоија само два бода.

Само за пласман на ЕП се добива 9,25 милиони евра, плус еден милион, за две ремија во групата (бод вреди 500.000 евра).

Награден фонд на ЕП 2024

Вкупен награден фонд: 331 милион евра

Бонус за пласман на ЕП: 9,25

Победа во групната фаза: еден милион

Реми во групната фаза: 500.000

Пласман во осминафиналето: 1,5

Пласман во четвртфиналето: 2,5

Пласман во полуфиналето: четири

Вицешампион: пет

Европски шампион: осум милиони

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО