Српските медиуми пишуваат дека Драган Стојковиќ Пикси (59) останува селектор на српската фудбалска репрезентација. Се очекуваше Пикси да си замине по слабото издание на Србија на ЕП. Србите беа последни во групата, зад Англија, Данска и Словенија, без ниту една победа, со саммо еден освоен бод.
Пикси ја презеде Србија пред три години. Ја однесе на Светското првенство (СП) во Катар 2022 година, но и таму заврши на последното место во групата, зад Бразил, Швајцарија и Камерун.
Потоа ја предводеше репрезентацијата и до ЕП, но на турнирот следуваше уште едно разочарување. Во кариерата тој раководеше со јапонската Нагоја Грампус и со Гвангжу Р&Ф од Кина.