Србија ќе има над 100 претставници на Олимписките игри (ОИ) во Париз летово. Во меѓувреме српската Влада го усвои предлогот за парични награди за освојувач(к)ите на медали. Оние што ќе освојат медали ги чека вистинско богатство?
Според предлогот на Министерството за спорт наградата за златен медал ќе изнесува 200.000, за сребрен 100.000, а за бронзен 60.000 евра, што е највисока сума во историјата на српскиот спорт!
Пред три години на ОИ во Токио, спортистите на Србија освоија три златни, еден сребрен и пет бронзени медали.