Новата напаѓачка супер ѕвезда во Европа е фудбалерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, кој игра нестварно и неговата цена прогресивно оди нагоре.
Тој е дефинитивно најдобриот фудбалер на португалската екипа, а веќе следното лето Спортинг од него може квалитетно да заработи.
На прв поглед, Спортинг не е подготвен да го пушти, но по се изгледа може да пресуди желбата на играчот за трансфер, па неговиот последен збор ќе биде клучен во оваа трансфер разврска.
Од Спортинг веќе одредиле цена за неговиот трансфер и таа изнесува преку 80 милиони евра, а пред само две сезони, тие го доведоа од Ковентри за 500 000 евра и сега ќе заработат на него двестократно.
Запрашан од португалските медиуми дали размислува за голем трансфер на лето, тој одговори дека „се уште не може да разговара на таа тема со медиумите.
Позната е поврзаноста на Ѓокереш со новиот тренер на Јунајтед, Рубен Аморим, па повеќето медиуми веќе го ставаат овој трансфер како извесен на лето со најниска квота на обложувалниците.