Според англиските медиуми: Белингем се соочува со суспензија?

Џуд Белингам би можел да биде казнет со еден натпревар неиграње заради непримерниот гест на натпреварот против Словачка на Европското првенство (ЕП), пренесуваат англиските медиуми. Репрезентацијата на Англија во четвртфиналето на ЕП игра против Швајцарија,  во сабота.

Причината поради која Белингем се соочува со суспензија е гестот направен со раката покажувајќи на меѓуножјето, сето тоа во насока на резервната клупа на противничкиот тим.

Иако подоцна тој тоа го опиша како приватна шега со блиски пријатели кои беа на натпреварот и рече дека нема ништо друго освен почит кон Словачка, Белингем може, како што се тврди, да биде суспендиран на еден натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО