„Специјалниот“ потврди која екипа ја одбил двапати во кариерата

Португалскиот стратег Жозе Мурињо, откри интересна вест, а тоа е дека два пати во кариерата, добил понуда да ја менаџира селекцијата на Португалија, но дека одбил.

Искрено, тој потенцира дека не жали за таквата одлука, бидејки сметал дека прави исправен потег.

– Додека бев во Реал Мадрид, дојде понудата од Португалија, Перез на тоа рече нема шанси и така се случи. Следниот пат додека бев тренер на Рома, дојде иста понуда од репрезентацијата на Португалија, но и покрај тоа што добив таму отказ, не жалам што два пати одбив да бидам селектор, порача Мурињо.

Откако Мурињо ја напушти Рома, оваа екипа од Рим успеа да забележи некои подобри резултати под актуелниот тренер Даниеле Де Роси. Со Рома, Мурињо ја освои Лигата на конференции.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО