Спартак го отпушти Дејан Станковиќ

Руската екипа фицијално соопшти дека се разделува со тренерот .

Одлуката доаѓа по серија на слаби резултати и неуспех да се подобри формата на тимот во првиот дел од сезоната. Спартак моментално се наоѓа во долниот дел на табелата, што предизвика незадоволство кај управата и навивачите.

Станковиќ на клупата на Спартак пристигна минатата година со амбиции да го врати клубот во борбата за европските места, но резултатите не ги оправдаа очекувањата.

Во соопштението клубот му се заблагодари на српскиот стратег за соработката и му посака успех во понатамошната кариера. Според руските медиуми, привремено тимот ќе го води помошникот на Станковиќ, додека клубот бара нов тренер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО