Нaјдобриот словенечки кошаркар. Лука Дончиќ ќе игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри (ОИ) во Париз, објави денеска словенечката агенција СТА.
Словенечката репрезентација е комплетирана со доаѓањето на Дончиќ, соопшти тамошниот кошаркарски сојуз, што значи дека нивните ривали против себе ќе ја имаат и ѕвездата на НБА тимот, Далас маверикс.
Дончиќ до неодамна учествуваше во големото НБА финале со Далас, каде по пет натпревари беа поразени од Бостон со 1:4. Дончиќ финалето на плеј-офот го играше со неколку повреди, имаше хронични проблеми со коленото, а го мачеше и скочниот зглоб, како и полесна повреда на торзото.
Според словенечката новинска агенција, сите тестови што Дончиќ ги направил по пристигнувањето во Словенија, очигледно биле позитивни и еден од најдобрите НБА кошаркари ќе игра за својата репрезентација.
Натпреварот Словенија – Хрватска и ќе се игра на 2 јули во Атина, а во таа група е и Нов Зеланд. Потоа таа група вкрстува со Грција, Египет и Доминиканската Република, а само една од тие шест селекции ќе патува во Париз. На последните ОИ, Словенија и Дончиќ го освоија четвртото место.