Словенија за прв пат во историјата се пласираше во нокаут фазата на едно големо натпреварување. Селекцијата предводена од селекторот Матјаж Кек го освои третото место во групата Ц.
Словенија забележа три ремија, против Данска и Србија, 1:1, а против Англија, 0:0. Прва во групата е Англија со пет бода, а меѓу Словенија и Данска кои освоија по три бода и имаа идентична гол разлика, реши критериумот жолти картони.
Данска во осминафиналето ќе игра против домаќинот Германија, а Англија и Словенија денеска ќе ги дознаат противниците.
– Не очекував дека ќе минеме. Но, со играта што ја прикажавме мислам дека го заслуживме тоа. Се чувствував позитивно во текот на денот. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми, изјави Кек по мечот со Англија.
Кек рече дека е многу сум горд на својот тим, додавајќи оти ова е почеток на една нова и убава ера за словенечкиот фудбал.
– Исклучително сум горд на овој тим. Ја видовте енергијата што сите играчи ја добиваа од нашите навивачи на првиот натпревар, и повторно денеска. Се радуваме, но од утре им се враќаме на тренинзите и на подготовките за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме и врвен тим, истакна Кек.