Словенците го имаат најбрзиот играч на ЕП, можеби ќе ве изненади каде е Мбапе?

Брзината игра важна улога во фудбалот, таа е една од клучните играчки квалитети што може да им донесе предност на тимовите. На Европското првенство (ЕП) во Германија најголемата забележана брзина беше 35,8 км/ час, а 10-те најбрзи играчи се со минимална брзина од 35 км/час.

Словенецот Бенјамин Шешко имал најголема максимална брзина од 35,8 км/час, а неговата просечна максимална брзина изнесувала 34,17 км/час по натпревар.

Втор на таа необична листа е Романецот, Валентин Михаила, кој трчаше со брзина од 35,8 км/час, трет е Швајцарецот, Ден Ндоје постигна гол против Германија, со брзина од 35,6 км/час, четвртото место го држи Данецот Расмус Хојлунд со 35,5 км/час, петти е Португалецот Рафаел Леао со 35,4 км/час итн.

Интересно е што Килијан Мбапе, барем засега, не е на врвот на таа листа. Францускиот капитен ја дели 10-та позиција со шкотскиот дефанзивец, Киран Тиери со брзина од по 35 км/час.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО